По палењето во Битола, дали да очекуваме линчување на Бугарите на улица?

//

Пишува: Љупчо Куртелов за БГНЕС

Деновиве, а и во блиското минато, сме сведоци на антибугарска хистерија. Причините се длабоко мотивирани од кругови кои паничат при самата помисла за зближување со источниот сосед, а повод лесно се наоѓа. Во овој случај, „гориво“ за хистерично антибугарство е името на бугарското здружение во Битола – „Ванчо Михаjлов“.

Младиот и (досега) симпатичен пејач Ламбе Алабаковски во раните утрински часови, невознемирен од никого, „храбро“ ја запали влезната врата на здружението (Центарот за култура „Иван Михајлов“ – бел. ред. ). Со овој чин тој го јавна бранот на „национална“ омраза кон Бугарија и од денес е новиот македонски „херој“. Неговото оправдување е дека дедо му бил убиен од Бугарите.

Што е следно – да се линчуваат Бугарите на улица?



Полицијата отвори случај, а судот му одреди 8 дена притвор . Партијата Левица организираше протест во Битола со цел да го ослободи Ламбе. Во исто време, се појавија многу адвокати кои ги нудат своите услуги за да го бранат про боно (бесплатно). Социјалните мрежи се „прегреаа“ во одбрана на Ламбе. А ако случајно напишеш дека тоа што го направил е криминал, ќе те „лечат“ со милион „комплименти“.

Без разлика на бугарскиот дипломатски притисок да се казни делото, македонското судство мора да суди според законот и да не отстапува под влијание на масите. Преседан може да ја отвори Пандорината кутија.

Има многу луѓе во Македонија кои (со аргументи) веруваат дека Србите извршиле безброј ѕверства врз македонското население за време на окупацијата 1918-1941 година. Дали сега треба да им се одмаздуваме и на нив со вакви налудничави дела? Во граѓанската војна во Грција, а и пред неа, беа извршени масовни ѕверства врз нашиот народ. Ќе се одмаздуваме ли? Односите меѓу Македонците и Албанците денес се стабилни, но сите ги знаеме траумите низ кои поминавме пред дваесет години. Мала искра е доволна за да се запали пожар. Затоа е многу важно за стабилноста на Македонија караванот да врви (судството да суди навремено и објективно), и покрај лаењето на кучињата.

Претходна статија

Оправдување на насилството

Следна статија

(Видео) Балабанов за наводните планови на Петков за кревање на ветото за РС Македонија: Нема сила на светот што би нѐ натерала да дозволиме таков развој на настаните

Најново од Истакнато

Ковачев: На местото на спомениците на окупаторската Црвена армија во Софија и во Пловдив да се постават споменици на Левски, Ботев, Гоце Делчев, Тодор Александров и Ванчо Михајлов

Бугарскиот европратеник од редовите на ГЕРБ-СДС Андреј Ковачев, даде интересна идеја за тоа што треба да

Туѓа влада

Facebook статус на Никола Димитров Новата опаковка на предлогот е апсолутно истиот непоправлив дебакл со кој