Сонцето од Вергина
Facebook статус на Никица Корубин
Под сенките на Бермион, каде се најубавите и најмиризливи рози, во Ематија е Еге (Ајга), старата престолнина на македонското кралство на Аргеадите.
Тука е центарот на историскиот регион Македонија, за чија држава пред повеќе од 2.500 години знаат и Херодот и Тукидид. Тие кралеви филхелени, се носители на држава која носи име Македонија.
Единствената држава, како самостојна политичка формација, која го содржи името Македонија, после ова кралство, е Република Северна Македонија од 2019 година. И го дели историскиот регион Македонија, со стратешките партнери Грција и Бугарија, со целосен респект кон цивилизациското наследство и историјата базирана на факти. И никако и никогаш не може да има монопол на историјата и името.
“Никогаш Северна” е всушност, флагрантен, злонамерен повик, базиран на незнаење за “никогаш држава Северна Македонија”, како точно дефинирана современа држава.
Учете и почитувајте ја единствената држава која ја имаме: Северна Македонија.



*На фотографиите се оригиналното “Сонце од Вергина”, во комплексот на кралски гробници во Вергина, аплицирано на ларнаксот на кралот Филип Втори и неговата кралска златна дијадема; гробницата на Филип Втори и кралскиот тумулус во Вергина, регион Централна Македонија, Република Грција.
