ВЧЕРАШНИОТ ОРИЗ Е ШТЕТЕН ПО ЗДРАВЈЕТО

Група американски специјалисти во областа на здравата храна стигнале до неочекуван заклучок а имено дека оризот подготвен вчера и подгреан за да биде дојаден може да биде опасен за нашето здравје.

Во сировиот ориз има честички на бактеријата Bacillus cereus, коишто можат да бидат токсични. Експертите тврдат дека овие честички остануваат активни по термичка обработка, но нивната токсичност се засилува ако повторно бидат подгреани.

Најчесто повторно притоплен ориз може да предизвика дијареа и повраќање. Експертите препорачуваат оризот да се конзумира веднаш под приготвувањето.