| |

ЗАБРАНЕТ ВЛЕЗ: ГРЦИЈА ГИ ПРОДОЛЖИ СТРОГИТЕ МЕРКИ ЗА ВЛЕГУВАЊЕ ОД МАКЕДОНИЈА ДО 22 МАРТ

Одлуката за привременото ограничување на копнените граници и новите дополнителни рестрикции воведени минатата седмица за граничните премини со Македонија и Албанија, како и забраната за влез во Грција на државјани на трети земји, грчката Влада ги продолжи до 22 март 2021 година, јави дописничката на МИА од Атина, пренесува Вечер.

Од минатиот понеделник, во сила се построги мерки за граничните премини Евзони со Македонија и Какавиа со Албанија, кои работат од 7 до 19 часот, по локално време, наместо до 23 часот, како што беше претходно, а дневно дозволено е во Грција да влезат најмногу 400 лица, додека пак задолжителен е домашен карантин од 14 дена.

На граничните премини, на сите, задолжително им се прави рапид тест, вклучително и на возачите на камионите, при позитивен резултат нема да биде дозволен влез.

Новите построги мерки, односно брзите тестови при влезот и работното време на граничните премини важат и за транспортерите, нешто што беше причина, во петокот камионџиите од Грција и Македонија да одржат протест на Евзони (Богородица).

Целиот напис прочитајте го овде.



Слични Објави