(Фото) Одбележуваме 148 од раѓањето на бугарскиот револуционер и припадник на ВМОРО Милан Матов
На денешен ден пред 148 години во Струга е роден МИЛАН АПОСТОЛОВ МАТОВ, брат на еден од главните идеолози на ВМОРО Христо Матов, ученик во Битолската Бугарска гимназија. Тој е председател на Битолскиот окружен комитет на ВМОРО за време на Илинденско-Преображенското востание, војвода на чета на Македоно-Одринското ополчение во текот на Балканските војни и еден од организаторите на Тиквешкото и Охридско-Дебарското востание против србските поробувачи на Македонија. За време на Првата светска војна бил Бугарски управител на Крушево. После војната е активен деец и член на раководството на Илинденската организација и на Македонскиот научен институт во Софија. Умира 1962 година.
“Илинден е кулминационата точка на вооружените борби за слобода, не само на македонските Бугари, а на целото наше племе. За жал покрај 33 годишнината тој ден уште не е оценет како треба. Ако таа пројава беше на Срби, Грци или други соседи – ќе го заглушеа светот и илјади паметници ќе се издигнеа.
На паднатите илинденци треба да се издигне еден величествен паметник, макар и вон од окрвавената земја. А за поука на поколенијата необходно е да се приготви еден филм, кој јасно да ја илустрира моќта на Внатрешната М. О. Р. О. на чело со Илинден.
Поклон и слава на паднатите Илинденци!”
НАШИ УЧЕНИ И ОБШТЕСТВЕНИЦИ ЗА ИЛИНДЕНСКАТА ЕПОПЕЈА, 1936 г.




“Лажни гласини се проширија во Македонија околу и после Илинденското востание дека Врховните комитети во Софија сакаат присоединување (на Македонија) кон Бугарија, а дека ВМОРО сака автономија. По тој повод, во јуни 1906 година, бев во Софија и му се обратив за објаснување на Даме Груев, којшто ми го одговори следново: „Ние сме Бугари и секогаш работиме и ќе работиме за обединување на Бугарштината. А сите други формули се етапа во постигнувањето на оваа цел. Сепак, не е сеуште дојден моментот за да се реши нашето прашање, затоа нема место за препирање и прикаски од таков вид“.“