(Видео) Интерактивна мапа ги обединува сите 3.597 читалишта во Бугарија
Интерактивна мапа ги обединува сите 3.597 читалишта во Бугарија, со цел да се обезбеди транспарентност и лесен пристап до информации за нивната состојба, изјави нејзиниот креатор Јуриј В’лковски, пренесе БГНЕС.
Мапата е изработена врз основа на обединети податоци од Националниот статистички институт, Националната агенција за приходи, Министерството за финансии и Министерството за култура. Над 60 проценти од буџетот на читалищата доаѓа од државни или општински средства. Во нив работат околу 12 илјади луѓе, а институциите имаат клучна улога во зачувувањето на бугарското национално-културно наследство.
„Читалищата се огромен капацитет кој останува неискористен“, истакна Валковски. Тој додаде дека голем дел од нив се оставени сами да се снаоѓаат и дека е потребно да се гради капацитет преку обуки на вработените. „Субвенцијата на читалиштата не е поврзана со демографијата, туку едноставно се влеваат пари, а потоа луѓето во читалиштата мора сами да се снаоѓаат“, нагласи тој.
Според В’лковски, вработените во читалиштата имаат и најмногу административни обврски, бидејќи за својата работа поднесуваат извештаи на најмалку шест различни институции.
