|

Лекот е пет пари, ама…

Пишува: Ѓорѓи Трендафилов

Откако „ударнички„ уште еднаш заклучивме дека „бугариве не се трпат веќе„ од пријателска Грција, дојде предупредување до премиерот на РСМ да биде внимателен со рафрлувањето на придавката македонски. Дури и на социјалните мрежи. За фудбал. За музика. Веројатно и за храна!?

Навистина, во неговиот надалеку познат стил на релативизација, тој уште еднаш ја препакува старата,но,за жал неуспешна во нејзиниот рок на траење, братство и единство мантра, со се помал успех и внимание кај јавноста. И изрази задоволство што идентитетските прашања, за среќа ниту Бугарија не ги поставува!? Но,нема врска, државното раководство на РСМ е решено да ги брани „бескомпромисно, оти чуму ни е Европа без нив!

Веројатно ќе треба да помине уште некое време, но полека како да ги гледаат контурите на решението на „проблемот„ но, веројатно си го поставуваат прашањето -Кој,како и кога да ги преземе неопходните чекори!?

Убаво тоа што цел ден „ ја дресираат„ јавноста, но денеска во Брисел е „business as usual„ а јас очекувам, кај и да е, во обидот барем уште малку „да се добие на време„ да прочитам во некое интервју на некој од државното раководство, дека РСМ побарала прием за членство во Комонвелтот. Оти, како поинаку се брани идентитет за кој не смеат да зборуваат, никој такво нешто не им бара, а „херојски стојат„ на така забетониран идентитет!? Врзете се,слетуваме на Марс!

Делумно, можеби одговорот лежи во „локацијата„ на тој прогонет идентитет. Навистина, каде е сега „македонството„? Во МАНУ, во Владата на РСМ, во прегратката на најголемата збунета опозициска партија? Впрочем, Владата на РСМ ли има заедничка историја со Бугарија? Некој очекувал ли дека тоа ќе биде само една празна форма без содржина,вообичаена формулација, па секој ќе си додава и одзема кога и како му одговара. Колку погрешна претпоставка, каква кусогледост на „советниците„ кои стојат зад ова!?

Во меѓувреме, од „домашните прашања„ ги издвојуваме – Првенците и партиските бизнисмени, продолжуваат со судски рочишта, Владата на РСМ, по урнекот на ДУИ,се ребрендира во зелено, ќе плаќаме повеќе за гориво. Во Правда, исто како и во ЕУ, нема консезус околу Изборниот законик. Вакцини и патни исправи,нема! Македонската фудбалска репрезентација, упс, Фудбалската репрезентација на РСМ ќе има нов селектор! Корупција 0!

И така, во оваа вечна игра од типот „војник во напад, војник во одбрана„ или барем додека државното раководство, во целата негова мудрост,додека конечно не ја пронајде вистинската адреса, можам само да изјавам – другари и другарки, немате претстава, најдобро допрва следува!



Слични Објави