(Видео)Колев: Заев лаже кога се држи со раката за срце и трепка со очите, лично сум се убедил во тоа

///

Претседателот на политичката партија ГДУ, Петар Колев изрази надеж дека бугарскиот претседател Румен Радев нема да биде измамен од Зоран Заев и неговите елементарни трикови. Колев вели дека Заев е неискрен кога ја држи раката на срце и кога трепка со очите, подвлекувајќи дека лично се убедил во тоа.

„Се надевам дека претседателот Румен Радев, со својот јасен и фокусиран поглед на воен пилот, нема да биде измамен од елементарните трикови на поранешниот градоначалник на Струмица. Моментот со раката на срце и трепкањето со очите. Заев не е искрен и сум се убедил во тоа од лично искуство“, изјави Петар Колев, претседател на ГДУ во својата видео-анализа за бугарската информативна агенција БГНЕС.

Колев го повикува бугарскиот претседател да обрне внимание на тоа како РС Македонија се однесува со луѓето што живеат на нејзина територија, но себе си се сметаат за Бугари.



„Кога претседателот Радев процени дека македонската страна е подготвена да ги реши проблемите со Бугарија, првото нешто што треба да направи е да го анализира односот на македонската држава кон луѓето кои се сметаат себеси за Бугари и кои не сакаат да бидат дел од македонската нација , но сакаат да живеат како Бугари, како што живееле и нивните предци, за да види како македонската држава се однесува кон тие луѓе и каков е нивниот сегашен статус“, вели Колев.

Претходна статија

Лекот е пет пари, ама…

Следна статија

Бочварски: Модерни патишта за поврзување со соседите

Најново од Вести