ЗАСЕГА НЕМА ВИКЕНД КАРАНТИН – „ПРАВИМЕ ДОПОЛНИТЕЛНИ АНАЛИЗИ ДО КРАЈОТ НА НЕДЕЛАТА“

//

На утринскиот состанок на Комисијата за заразни болести било констатирано дека актуелните мерки и рестрикции односно полициски час по 22 часот треба да останат и истите нема потреба во овој момент да се надополнуват, соопшти на прес конференција Министерот за здравство Венко Филипче.

Филипче потенцираше дека во изминатите 4 недели има константо зголемување на бројот на заразни со коронавирус.

„Во моментов 1100 болнички кревети се пополнети, притисокот во Скопје е голем, правиме систем на менаџирање на скопските клиники. Има одреден број на слободни кревети, одделенијата на интерните клиники повторно се ковид центри“, потенцираше министерто за здравство Венко Филипче.



Како резултат на зголемениот број на новопријавени и хоспитализирани случаи на Ковид-19 во земјава е воведен полициски час до 22 март, што важи од 22 часот до 5 часот наутро.

Претходна статија

ДАЛИ ЌЕ ИМА ВИКЕНД ПОЛИЦИСКИ ЧАС? УТРЕ ЌЕ ЗАСЕДАВА КОМИСИЈАТА ЗА ЗАРАЗНИ БОЛЕСТИ

Следна статија

СО ХАЈКАТА ПРОТИВ ГАВРАНЛИЕВ ОПОЗИЦИСКИТЕ НАЦИОНАЛИСТИ ГИ ПОТВРДИЈА БУГАРСКИТЕ ТЕЗИ

Најново од Вести