| |

Белградскиот вазал Мицкоски ја води Северна Македонија во провалија

Пишува: Георги Пашкулев, главен уредник на БГНЕС

Најновата навредлива изјава на премиерот на Република Северна Македонија (РСМ) Христијан Мицкоски кон Бугарија, чие име не го ни споменува, туку ја нарекува „источен сосед“, сведочи не само за необразованоста на оваа личност, туку исто така и на немањето каква било политичка култура и разбирање на процесите во Обединета Европа.

Штета е што ваквата политика на македонски политичар популист поврзан со белградскиот режим на Вучиќ, сѐ повеќе ги оддалечува луѓето на РСМ од почеток на преговорите за членство со Европската Унија. И покрај желбата на Софија да го внесе Скопје во ЕУ, тоа тешко дека ќе се случи со такви српски вазали како Мицкоски на чело.

Мицкоски денеска изјави дека сака „француски предлог 2.0“ и дека нема да преговара со преодната бугарска влада. Сакам да го потсетам македонскиот премиер дека не преговара со Бугарија, туку со ЕУ и францускиот предлог е предлог на целата Европска унија и РСМ нема да добие подобар.

Престанете да ги лажете своите граѓани. Проблемот не е во Бугарија, туку во таквите како вас кои сакаат РСМ секогаш да биде во сферата на влијание на Србија и да остане најзаостаната земја – последна во Европа и последна на Балканот!

Ако сакаат некаков напредок за земјата и просперитет за својот народ, Мицкоски и неговото друштво мора веднаш да ги исполнат условите од францускиот предлог, да престанат со нивната ревизионистичка политика во однос на договорите со Бугарија и Грција и да запомнат и да бидат благодарни што воопшто добиле шанса за преговори, бидејќи нивната земја е целосно неподготвена и не исполнува никакви услови за ЕУ.

Слични Објави