|

Борел: ЕУ се соочува со непријателство од муслиманските земји поради нејзиниот однос кон Газа

Шефот на дипломатијата на Европската унија, Жозеп Борел, предупреди дека Унијата се соочува со непријателството на муслиманските земји поради нејзиниот став за настаните во Газа и обвинувањата за двојни стандарди кон Газа и Украина.

Борел ја изрази својата загриженост дека разните ставови на земјите од Европа и Блискиот Исток би можеле да доведат до недостиг на поддршка во Украина на глобалниот југ, како и можноста ЕУ да влијае да инсистира на човековите права во меѓународните договори, пренесува „Ројтерс“.

Тој додаде дека Европската Унија мора да покаже повеќе емпатија кон палестинските цивилни жртви од војната меѓу Израел и Хамас.

За време на турнејата на Блискиот Исток, Борел ги посети остатоците од кибуцот Бери, уништен на 7 октомври, Западниот Брег, Бахреин, Катар и Јордан.

Шефот на европската дипломатија откри дека добил индикации од разговорите со одредени министри на земјите од Блискиот Исток дека Украина нема да ја добие поддршката од тие земји на претстојното гласање во Обединетите нации. Како одговор на критиките Борел истакна дека сите животи се еднакво вредни и ја повика Европа да инсистира на хуманитарна пауза и испорака на помош за жителите на Газа.

Како одговор на арапските барања за итен прекин на израелското бомбардирање на Газа, Борел ја повика ЕУ да почне разговори за резолуцијата меѓу двете земји и да покаже дека членките се грижат за спасување на животите на цивилите во Појасот Газа, пренесува „Танјуг“.

Слични Објави