| |

Бугарскиот кошаркар Александар Везенков беше избран за број 1 и од кошаркарите во Евролигата

Бугарскиот кошаркар Александар Везенков е избран за најкорисен играч за натпреварувачката година од страна на Здружението на играчи на Евролигата (ЕЛПА), пренесува БТА.

Кошаркарот на Олимпијакос во изминатата сезона 2022/2023 имаше просек од 17,6 поени, 6,8 скока и 1,9 асистенции. Везенков веќе ја доби наградата за најкорисен играч што ја доделува Евролигата, а стана и најдобар стрелец во натпреварувањето.

Здружението на играчи на Евролигата по трет пат во последните години определува добитниците на награди во различни категории. Победници се натпреварувачите кои собрале најмногу гласови од кошаркарите кои учествувале во турнирот.

Александар Везенков доби 47,4% од гласовите за најкорисен играч и беше опишан како „играч со најдобри перформанси и со најголемо влијание врз играта на неговиот тим“.

За најдобар бек е прогласен Томас Волкуп, соиграчот на Бугаринот во Олимпијакос со 43,9 % од гласовите. Уште еден кошаркар на грчкиот тим – Костас Слукас стана најдобар шести играч (38,6%).

Наградата за најдобар млад играч до 22 години за сезоната (47,4%) отиде во рацете на Јам Мадар од Партизан.

Помеѓу другите наградени беа личности како Кајл Хајнс од Армани Олимпија Милано – за најпочитуван играч (61,4%) и Серхио Лул од Реал Мадрид – за најклучен играч (47,4%).



Слични Објави