|

Усвоена информацијата на МО за престој на странски вооружени сили на наша територијата за учество на вежбата Brave Partner – 23

Владата ја разгледа и усвои информацијата од Министерството за одбрана за влегување и престој на странски вооружени сили на територијата на Република Северна Македонија заради учество на вежбата Brave Partner – 23 и донесе ваква одлука.

Полноправното членство во НАТО побарува и активно учество во заедничките вежбовни активности, со што се зголемуваат одбранбените способности на алијансата за одбрана и одвраќање. Во таа насока, вежбата Brave Partner – 23, како што е соопштено од Министерството за одбрана, е во целосна организација на Армијата на вооружените сили (ВС) на САД за Европа.

На вежбата е предвидено да учествуваат единици од вториот коњички полк на вооружените сили на САД, на армискиот полигон Криволак, што ја потврдува клучната геостратешка позиција на Република Северна Македонија.

Слични Објави