|

УТРЕ ЌЕ СЕ ЗНАЕ КОЈ ЈА ЗАГАДИ РЕКАТА ВАРДАР

Веќе има сомневања кој е одговорен за загадувањето на реката Вардар и поморот на рибите, но надлежните ќе почекаат до утре за да кажат.

Градоначалниот на Скопје, Петре Шилегов потврди дека се работи за индустриски отпад но, не сака конкретизира, кој го испуштил истиот.

Шилегов е дециден дека одговорниот за штетата ќе биде соодветно санкциониран.

Според неофицијални информации се работи за металуршки отпад испуштен од округот на поранешна „Железара“.Од челичарницата „Макстил“ експресно се оградија од обвинувањата и тврдат дека водата од нивниот излез е чиста.

Слични Објави