Нуредини: При загревањето на домовите граѓаните да не користат материјали кои ја загадуваат околината

/

Со оглед на енергетската криза, најверојатно ќе има зголемување на аерозагадувањето, изјави денеска министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини, упатувајќи прит тоа апел до граѓаните да водат грижа, како ги загреваат домаќинствата, односно да не користат материјали кои ја загадуваат животната средина.

– Ние ќе увеземе мазут и јаглен, најмалку што бараме е да се почитуваат стандардите за мазутот и јагленот што ќе го увезуваме. Свесни сме дека институциите – болници, градинки, училишта… се најголемите загадувачи. Најверојатно оваа зима ќе има зголемување на аерозагадувањето, потенцираше Нуредини.

Тој истакна дека за жал ова не е ситуација само кај нас, туку во цела Европа и рече дека проблемот е што ние 30 години не сме инвестирале во енергетика во државата.



– Јас разбирам дека е тешко време, но апелирам до сите да внимаваме со што се грееме, колку грееме и да бидеме енергетски поефикасни, посочи Нуредини, напомнувајќи дека граѓаните можат да се греат со дрва и пелети, кои се според стандардите, а не со материјали кои при согорувањето испуштаат штетни материи, кои прво го загадуваат домот, а потоа и околината.



Претходна статија

Ковачевски: Во владата ќе се менува само министерот на ЛДП, за Пенов се уште не сум добил допис

Следна статија

Претставници на фондацијата „Димитар Талев“ Сандански го посетија лобното место на водачот на ВМРО, Тодор Александров

Најново од Вести