|

Утре средба на координаторите на пратеничките групи во Собранието, ќе се разгледува францускиот предлог

Утре ќе се одржи средба на координаторите на пратеничките групи и други претставници на парламентарните партии на којшто на дневен ред е дискусија во однос на заклучоците коишто треба да бидат разгледани и усвоени од Собранието. Од СДСМ велат дека овие разговори не поврзани со содржината на преговарачката рамка.

Но, од ВМРО-ДПМНЕ велат дека предлогот е во тие работни групи помеѓу политичките партии да бидат по двајца преставници од ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, по еден од ДУИ и Алијанса и уште еден од помалите парламентарни политички партии. Воедно додаваат дека овие работни групи ќе работат на предлог забелешки на преговарачката рамка која е предложена.



Слични Објави