УТРОВО НОВИ НЕМИРИ НА ГРЧКАТА ГРАНИЦА

//

Нови немири избувнаа рано утрово на грчко-турската граница, кога грчките сили испалија солзавец и водени топови за да ги запрат мигрантите, додека турските граничари испукаа голема количина солзавец на грчката страна на границата, јави „АП“.

Илјадници мигранти и бегалци се обидуваат да влезат во Грција оваа недела, откако пред седум дена Турција, која практично ги заштитуваше границите на Европа, одлучи да не ги спречи мигрантите да се селат во земјите на ЕУ.

Атина ги опиша овие немири како закана за националната безбедност, пренесува „Ројтерс“.

Ситуацијата на грчките граници стана сериозна кога Турција пушти околу 130.000 бегалци и мигранти, кои се упатија кон старата балканска рута во Европа, која во голема мерка беше затворена по мигрантската криза во 2015 година.

Анкара распореди 1.000 специјални полициски сили на границата со Грција за да ги запре мигрантите да се вратат на нивната територија.



Извор: Макфакс



Претходна статија

НА 13 МАРТ ЌЕ БИДЕ ОБЕЛОДЕНЕТО КАКО ЗАГИНА ЕМИЛИЈАНО САЛА ВО АВИОНСКАТА НЕСРЕЌА

Следна статија

ОРУЖЕН ГРАБЕЖ НА ОБЛОЖУВАЛНИЦА ВО ДРАЧЕВО

Најново од Вести