| |

Вагонот

Пишува: Силвиja Авдала, новинарка, Израел

Изградбата на Музејот на Холокаустот во Скопје започна во 2005 година со амбициозен план, огромен буџет и секакви институционални благодети. Градежните работници беа вчудоневидени кога открија дека пред да се завршат ѕидовите на првиот кат, беа поставени железнички пруги и беше донесен вагон, како главен музејски експонат.

Премиерот Груевски во 2011 година свечено го отвори музејот во присуство на гости од Израел, САД и Германија, иако дел од објектот сè уште беше градилиште и не е завршен.

Вагонот-музејски експонат како декор за фотографирање на официјални делегации.

Се покажа дека вагонот не е само главен експонат, туку и декор за фотографиите на сите официјални делегации. Пред него се фотографираа туристи, ученици и студенти, учесници на семинари и конференции. Но, за да биде во хармонија со останатите експонати, кои се фокусираат само на „бугарскиот фашистички окупатор“, на товарниот вагон се појави логото на „Бугарски државни железници“.

Како дел од рекламната кампања на музејот, истиот вагон со логото беше испратен во годината кога беше отворен музејот на холокаустот во Феникс. Таму живееле многу Македонци и донираната поставка се очекувало да ги поттикне на лице место да ја промовираат новата перспективна туристичка дестинација – Скопје.

Меѓутоа, музејот во Феникс ја врати поставката со љубезно објаснување – не е автентична!

Во 2012 година, по написот во весникот „24 часа“ „Музејот на холокаустот во Скопје крие голема тајна – празен е“, неговото раководство по допрен глас го смени логото. Бидејќи она што дотогаш се користело било креирано и избрано преку конкурс во БДЖ од 1964 година.

Но, и новиот удар не ја погодува целта – логото повторно е погрешно, во периодот што се визира вагоните на БДЖ всушност се испишани на француски – Bulgarie. Шефовите на музејот и раководството на еврејската организација во Скопје нема како да го знаат тоа – таму во Скопје никогаш не пристигнал бугарски вагон. Изградбата на железничката линија, која треба да ги поврзе Софија и Скопје, започнала во 1941 година, но до денес не е завршена.

Новото и романтично име е „Коридор #8“. Но, музејот продолжува да тврди дека во 1943 година вака биле депортирани македонските Евреи. Има и конкретни датуми за трите воза – 25, 27 и 29 март. Ниту еден турист не помислува дека во овој период железничката линија Скопје-Ниш-Белград-Виена е еднонасочна. Тоа значи дека доколку се прифати македонската верзија на депортацијата со бугарските возови, поаѓајќи од Софија, тие прво ќе треба да одат на другата страна преку Белград до Скопје, што е повеќе од 800 километри. Со чекањето во логистичките бази за да не се преклопи со редовниот превоз, би биле потребни повеќе од 10 дена – само во еден правец и само за еден воз.

Меѓутоа, Музејот на Холокаустот упорно ја развива оваа верзија – со текот на годините, логото повеќе не се менува, само боите се освежуваат – покрај вагонот се појавија драматично расфрлани куфери, корпи, свеќници, плишани мечиња… И се уште истиот вагон е претставен како главен и апсолутно автентичен експонат.

На полускршената задна оска на вагонот музејски експонат има траги од логото на „Југословенските железници“.

Неодамна стана јасно дека амбициозниот проект на македонската Влада наречен Музеј на Холокаустот често стои затворен – тешко се плаќале сметките за парно во зима. Но, ако не сте биле таму и се случи да биде отворен – посетете го. Без разлика што тоа е амбициозен споменик на исчашената историска меморија. А вагонот вреди да се погледне – пољубопитните веќе открија дека на полускршената задна оска има траги од логото на „Југословенските железници“!

Слични Објави