ВАЖНА ВЕСТ ЗА ИДНИТЕ БАРАТЕЛИ ЗА БУГАРСКИ ДРЖАВЈАНСТВА
Пратеничката група „Обединети патриоти“ во бугарскиот парламент предложи да биде олеснета процедурата за добивање на бугарско државјанство за луѓето со бугарско потекло и да се намалат роковите за нивно добивање. Според „Обединети патриоти“ најдобро решение за тоа би било само една институција да се занимава со државјанствата а имено Министерството за правда. Луѓето кои не ги исполнуваат условите на Министерството за правда за поседување на документ за бугарско потекло издаден од бугарска или странска институција, или за роднина Бугарин, да се произнесува консултативен Совет кон Државната агенција за Бугарите во странство. На овој начин според предлогот на Обединети патриоти ќе се избегне можноста за еднолична одлука и евентуални прекршоци, напиша на својот профил пратеникот од редовите на ВМРО, Красимир Богданов.

