ВАКЦИНАТА НА „ФАЈЗЕР“ ЕФИКАСНА ПРОТИВ НОВИТЕ ВИДОВИ КОРОНАВИРУС
Вакцината на „Фајзер“ и „Бионтек“ задржува голем дел од својата ефикасност и против главните мутации на коронавирус што предизвикува Ковид-19, англискиот и јужноафриканскиот сој, се вели во соопштение на двете компании.
Тестовите не покажаа потреба за нова вакцина за справување со новите соеви, соопштија двете компании.
Тие додадоа дека ќе продолжат да ги следат новите соеви и дека се подготвени да реагираат доколку тие мутации се покажат отпорни на вакцината.