ГРЦИЈА ЌЕ СЕ ОБИДЕ ДА ОЛЕСНУВА ВО СПОРОТ МЕЃУ МАКЕДОНИЈА И БУГАРИЈА
Министерот за надворешни работи на Грција, Никос Дендиас, изјави дека Грција, како земја која одржува пријателски односи со Бугарија и Македонија, ќе се обиде на секој можен начин да го олесни решавањето на разликите меѓу Скопје и Софија, јави МИА од Атина, пренесува Радио Слободна Европа.
Шефот на грчката дипломатија, во интервјуто за „Јуроњуз”, додава дека Грција останува цврсто на поддршката за европската перспектива на Западен Балкан, особено на Македонија и на Албанија.
На прашањето дали Грција би презела конкретни иницијативи, Дендиас вели дека „иницијатива е многу силен збор” и додава дека тие се пријатели со сите и се обидуваат на сите да им помогнат. При тоа, тој нагласува дека „треба да се гледа големата слика, а големата слика е иднината на Балканот во Европската унија.

