ПОЛИЦИЈАТА Е ВЛЕЗЕНА ВО ТРАГАТА НА ДЕЛ ОД ВОЗНЕМИРУВАЧИТЕ ОД „ЈАВНА СОБА“
Мрежата е позната по тоа што се споделуваат експлицитни фотографии, профили од социјални мрежи, лични податоци, адреси и броеви од девојки
Неофицијално полицијата е влезена во трагата на дел од лицата кои недозволено постирале фотографии и вознемирувале девојки и жени на социјалните мрежи,откако групата „Јавна Соба“ повторно беше активирана на мрежата Телеграм.
Мрежата е позната по тоа што се споделуваат експлицитни фотографии, профили од социјални мрежи, лични податоци, адреси и броеви од девојки.
секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика презема соодветни мерки и активности во врска со случајот го пивикуваат секој граѓанин што е жртва на ваква злоупотреба да пријави во најблиската полициска станица , а мвр во координација со обвинителството презема соодветни мерки.
Од Јавното обвинителство информираат дека ги следат информациите и ќе постапат доколку бидат утврдени елементи на кривично дело.