ВАКЦИНИРАНИ НАД 97 ИЛЈАДИ ГРАЃАНИ, ПОВЕЌЕ ОД 250 ИЛЈАДИ СЕ ПРИЈАВИЛЕ НА „VAKCINACIJA.MK“

/

Министерството за здравство информира дека заклучно со вчера во цела држава вакцинирани се 97.004 граѓани, а преку веб-платформата „vakcinacija.mk“ за вакцинирање се пријавиле 256.346 граѓани.

-Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата. Интересот за вакцинација секојдневно се зголемува, а досега бројот на лица кои изразиле желба за вакцинација преку веб платформата vakcinacija.mk е 256.346 граѓани, велат од Министерството за здравство.

Оттаму известуваат дека на вакциналните пунктови во државата заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 97.004 граѓани.

-Прва доза вакцина вчера примиле 12.487 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 13.725 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 118.984 дози вакцини, а ревакцинирани се 21.890 граѓани. Со последните бројки 32 отсто од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина, соопштуваат од министерството.

Вакцинацијата се спроведува согласно Националниот план за имунизација. Се вакцинираат возрасни лица, граѓани кои искажале интерес за вакцинација на веб страницата „vakcinacija.mk“ а се вакцинираат и лица вработени во критична инфраструктура.



Масовна вакцинација се одвива во неколку градови во државата и тоа во А1 СЦ Борис Трајковски во Скопје, во спортсите сали во Кавадарци, Куманово, Тетово, Штип, Битола и Охрид.

Министерството за здравство апелира до граѓаните масовно да се пријавуваат на „vakcinacija.mk“, бидејќи тоа е најлесниот и најбрз пат да се вакцинираат.

Претходна статија

МИШЕЛ: ЕУ СКЕПТИЧНА ЗА УКИНУВАЊЕТО НА ПАТЕНТИТЕ ЗА ВАКЦИНИ

Следна статија

БРИТАНИЈА ОД 17 МАЈ НА СВОИТЕ ТУРИСТИ ЌЕ ИМ ДАВА КОВИД ПАСОШИ

Најново од Вести