|

ВАКЦИНИРАНИТЕ ВО СРБИЈА СО „АСТРА-ЗЕНЕКА“, ЌЕ МОЖЕ ДА СЕ РЕВАКЦИНИРААТ ВО МАКЕДОНИЈА, АКО САКААТ

Ако некој од граѓаните што се вакцинираа во Србија со вакцините на „Астра-Зенека“ и на „Фајзер“, сака да се ревакцинира во Македонија, тоа ќе му биде овозможено, дознава Слободен печат од доброупатени извори во Министерството за здравство. Откако околу 10 илјади граѓани се вакцинираа во Србија со првата доза на вакцината, настана конфузија, како ќе се ревакцинираат со втората доза на „Астра-Зенека“, со оглед на тоа што таа моментално не е дозволена за помлади од 60 години во земјава, поради претпазливост.

– Ако некој граѓанин вакциниран во Србија сака да се ревакцинира во нашата земја, ќе им го овозможиме тоа, велат од Министерството за здравство за Слободен печат.

Министерството за здравство на Македонија веќе ги побара списоците и податоците на пациентите што првата доза ја примија во Србија.

Останува дилемата дали на помладите од 60 години ќе им биде администрирана втора доза од Астра Зенека, или пак ќе се вакцинираат со доза од некој друг производител.



Слични Објави