Варна ќе има театарски фестивал и наесен
Драмскиот театар „Стојан Бачваров“ од Варна најави создавање на нов театарски фестивал во морската престолнина.
Првото издание на Црноморскиот театарски фестивал ќе се одржи од 24 до 28 септември 2025 година.
Идејата на организаторите е да им понудат голем културен настан на жителите на Варна и гостите на градот на почетокот на есента и со тоа да се продолжи туристичката сезона во приморскиот град.
На фестивалскиот плакат на Црноморскиот театарски фестивал ќе има изведби на странски трупи, како и бугарски претстави кои ги нема во програмата на Меѓународниот театарски фестивал „Варненско лето“.
Странското учество на првото издание е на актери од Романија и Италија.
Театарскиот форум ќе биде отворен на 24 септември со настап на домаќините од театарот од Варна – „Алма Малер“ според романот на Сашо Димоски, кој е и автор на сценската адаптација. Продукцијата е на еден од најистакнатите балкански режисери – Дејан Пројковски од Република Северна Македонија.
Црноморскиот театарски фестивал ќе има натпреварувачки карактер и на финалето ќе бидат доделени награди во повеќе категории.
Детали за новиот театарски форум во „Артефир“ сподели Даниела Димова, директорка на Центарот за театарска и музичка продукција во Варна.
Фото: БНР

