Ватикан: Папата Франциско има инфекција на белите дробови, но е во добра и стабилна состојба
Папата Франциско боледува од инфекција на белите дробови, но е во добра и стабилна состојба и прима интравенска антибиотска терапија, пренесува „Ројтерс“.
„Поглаварот на Римокатоличката црква ќе ги ограничи своите активности во следните неколку дена за да ја зачува својата сила“, соопшти Ватикан.
„Состојбата на папата е добра и стабилна, тој нема температура и неговата респираторна состојба, дефинитивно, се подобрува“, рече портпаролот Матео Бруни во соопштението.
