Важна информација за кандидат-студентите што сакаат да студираат во Бугарија
Започна регистрацијата во дигиталната платформа на Министерството за образование и наука на Република Бугарија за кандидат студентите кои сакаат да го продолжат своето образование во Бугарија.
Од 20-ти април до 30-ти мај 2024 година матурантите кои сакаат да го продолжат своето високо образование во Бугарија треба да се регистрираат на : https://eskis.mon.bg/.
Со создавање на свој профил во системот кандидатите ќе можат да го следат процесот од поднесувањето на документите до објавувањето на резултатите и листите по кандидат студентските испити.
За кандидатите што сакаат да добијат научен степен магистер регистрацијата преку истата платформа https://eskis.mon.bg/ започнува на 20-ти мај и завршува на 20-ти јуни 2024 г, додека кандидатите за докторат ќе можат да се регистрираат во системот од први јуни 2024 година до 31 јули 2024 година.
Сите рокови детална инфо за кандидатите студентската кампања 2024-2025 може да ги видите на: https://www.mon.bg/…/za-balgarite…/obuchenie-v-balgariya/
Графикот на кампањата за прием на студенти, докторанти и специјализанти во бугарските државни универзитети согласно одлуките на бугарската влада бр.103/1993 и број 228 /1997 за 2024 – 2025 година можете да ги видите на: https://www.mon.bg/…/zap105-pril2-grafik_imz0504_080424.pdf
