ВАЖНА ИНФОРМАЦИЈА ЗА МАКЕДОНЦИТЕ КОИ ЌЕ ПАТУВААТ ВО БУГАРИЈА
Новина со која ќе се соочат македонските граѓани при патувањето во Бугарија е што од Нова Година е воведено електронско купување на налепниците за автомобили познати како вињетки за патарина, кои досега беа пластифицирани за лепење на стакло и можеа да се купат на граница.
Цената на налепниците останува иста и може да се купи викенд, неделна, тримесечна и годишна вињетка. Налепниците се купуваат на сајтот bgtoll.bg на кој информациите се на осум јазици, но не и на македонски јазик. (Повеќе)