|

Вечерва прва дебата меѓу претседателските кандидати Бајден и Трамп за изборите во 2024 година

Првата дебата на претседателските кандидати во САД, актуелниот демократски претседател Џозеф Бајден (81) и поранешниот републикански претседател Доналд Трамп (78) ќе се одржи вечерва во рамки на кампањата за изборите што ќе се одржат во ноември.

Дебатата започнува во 03:00 часот во петок, по средноевропско време, а ќе се емитува од студијата на CNN во Атланта, Џорџија, САД.

Дебатата истовремено ќе се емитува и на други мрежи, јавува Си-би-ес, а како што претходно беше најавено, изборните штабови на кандидатите се согласиле на нови правила, кои вклучуваат исклучување на микрофонот.

Слични Објави