| |

Вечерва во Софија ќе се одбележи 120-та годишнина од смртта на Гоце Делчев

Вечерва со почеток од 18 часот во Националниот дворец на децата во Софија ќе се одржи свечено одбележување на 120-тата годишнина од смртта на на апостолот на македонските Бугари, најголемиот син на Македонија Гоце Делчев.

Организатори на настанот се Меѓународната фондација за соработка и културен натпревар „Гоце Делчев“ со претседател маестро Христо Христов, директен потомок на Гоце Делчев, Бугарското здружение на родовите од Македонија, Културен круг „Балканско семејство“ и македонско-бугарскиот подкаст „Коридор 8“.

Програмата вклучува свечен говор на свечено обраќање на доц. д-р Наум Кајчев, специјалист по историја на Балканот од СУ “Св. Климент Охридски”, посветено на животот и делото на Гоце Делчев, а исто така и настапи на позната бугарска пејачка Диана Дафова, Камерниот оркестар „Класика“ со раководител Румјана Петрова, Елица Владова од балет „Алегрета“ со раководител Илина Агова, вокалниот ансамбл „Дијаманти“ со раководител Силвија Статкова и мешаниот народен хор на ансамблот „Гоце Делчев“ со раководител Марек Дјаков.

Водител на настанот ќе биде д-р Георги Станков, креатор и еден од водителите на подкастот „Коридор 8“.

Слични Објави