| |

(Видео) Перев: РСМ сака да наметне колективна вина на Бугарија и бугарскиот народ за речиси сите трагедии пред, за време и по Втората светска војна

Дел од општеството во Република Северна Македонија смета дека Бугарија е виновник за сите проблеми на Балканот од Втората светска војна до сега. Ова во утринската програма на Бугарската национална телевизија го изјави новинарот Владимир Перев, како коментар на одлуката на властите во Скопје да ја забранат употребата на имињата на бугарските клубови во Битола и Охрид – „Иван Михајлов“ и „Цар Борис Трети“.

„Ова произлегува од толкувањето на модерната историја во Македонија, во која царот Борис III и Иван Михајлов се виновни за речиси сите трагедии од Втората светска војна – за холокаустот, за животите и смртта на речиси сите Евреи во Европа. Тоа произлегува од ваквото толкување и желбата на дел од македонското општество и некои позиции останати од времето на Југославија, потоа надополнети со македонски национализам од времето на Никола Груевски, кој е и главниот виновник за неуспешните амбиции за антиквација на Македонија, да се спроведе колективна вина на целиот бугарски народ како главен виновник за трагедиите на Балканот и пошироко – за времето на Втората светска војна и пред и потоа. Ова е суштината на работата – наметнување на вина врз бугарскиот народ и бугарската држава.Тоа е суштината на проблемот“, рече Перев.

Според Перев, дел од општеството, распореден во сите слоеви, не сака европска интеграција на Северна Македонија и е подготвен да ја брани таа позиција по секоја цена.

Целиот разговор со Владимир Перев погледнете го на следниот линк.

Слични Објави