ВЕЛЕС СЀ УШТЕ ГО ЧЕКА ПРВОТО БЕБЕ ЗА 2020 ГОДИНА
Во Гинеколошко–акушерското одделение при ЈЗУ Општа Болница во Велес се уште се чека да се роди првото бебе оваа година.
Последните две бебиња според информации на болницата се родиле пред полноќ на 31 декември.
Во 2019 година на оваа одделение на велешката Општа болница се родени вкупно 473 бебиња од мајки од Велес, но и од соседните општини Градско, Чашка, Свети Николе, Неготино и Кавадарци. Дел од велешките родилки како и во изминатите години и лани се породиле во клиниките во Скопје.
Споредено со 2018 година кога биле родени 505 бибиња лани биле родено 32 бебиња помалку. Или споредено со претходната 2017 година кога се родени 649, лани биле дури 176 бебиња помалку.
