ВЕЛЕШАНЕЦ ОСОМНИЧЕН ЗА НЕОВЛАСТЕНО ПРОИЗВОДСТВО И ПУШТАЊЕ ВО ПРОМЕТ НАРКОТИЧНИ ДРОГИ

//

Основното јавно обвинителство Велес донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против едно лице поради постоење основано сомневање дека сторил кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.
Имено, осомничениот 59-годишен велешанец, пред влезот и во внатрешноста на куќата во која живее, неовластено заради продажба држел 29,2 грама амфетамин, 4,52 грама кокаин и 89,37 грама прашкаста материја кофеин која што служи за зголемување на масата на наркотичната дрога. Дрогата била пронајдена при претрес на домот на осомничениот во текот на вчерашниот ден. Притоа, освен наркотичната дрога, беше пронајдена и дигитална вага и парични средства во износ од 500 американски долари и 415 евра.

Со оглед на тоа што постојат околности кои укажуваат на опасност од бегство, надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка при Основниот суд во Велес поднесе и Предлог за определување притвор за осомничениот. Ваквиот предлог беше прифатен и на лицето му е определен притвор во траење од 30 дена.



Претходна статија

ПЕНДАРОВСКИ ГИ ПРИМИ АКРЕДИТИВНИТЕ ПИСМА НА НОВОИМЕНУВАНАТА АМБАСАДОРКА НА ЦРНА ГОРА, МАРИЈА ПЕТРОВИЌ

Следна статија

МЕРКЕЛ: ЌЕ НАПРАВАМ СЕ ШТО МОЖАМ МАКЕДОНИЈА ДА ГИ ПОЧНЕ ПРЕГОВОРИТЕ СО ЕУ

Најново од Вести

Ковачев: На местото на спомениците на окупаторската Црвена армија во Софија и во Пловдив да се постават споменици на Левски, Ботев, Гоце Делчев, Тодор Александров и Ванчо Михајлов

Бугарскиот европратеник од редовите на ГЕРБ-СДС Андреј Ковачев, даде интересна идеја за тоа што треба да