Велешкиот театар со „Вдовицата се мажи“ гостува во Виница
Театарот „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ од Велес, утревечер од 20 часот, ќе гостува во Центарот за култура „Тошо Арсов“ во Виница со комедијата „Вдовицата се мажи“ …
„Вдовицата се мажи“ е комедија на карактери која изобилува со брзи дијалози, силни емоции и ненадејни пресврти. Претстава за едноставната комплексност на човековата природа, за тенката граница помеѓу омразата и страста, за човекот кој честопати знае да биде чуден, а прекрасен и туѓ на себе.
Претставата е работена според едночинката „Мечка“ на А.П.Чехов во режија и адаптација на Младен Крстевски. Во претставата настапуваат актерите Марина Поп-Панкова, Васил Зафирчев и Младен Крстевски.

