Вицепремиерот на РС Македонија пали свеќи за Милошевиќ на анти-НАТО собир во Белград
Невидена политичка акција презеде просрпскиот вицепремиер на Северна Македонија, Иван Стоилковиќ пишува во свој материал бугарската информативна агенција БГНЕС.
Стоилковиќ стана првиот висок државен службеник на земја членка на НАТО што присуствувал на анти-НАТО собир. Истиот се одржал во Белград по повод 26-годишнината од воздушната операција на Алијансата против диктатурата на Слободан Милошевиќ. Стоилковиќ бил во друштвото на српскиот претседател Александар Вучиќ и претседателот на Република Српска Милорад Додик.
Меморијален состанок за жртвите од агресијата на НАТО“, напишал Стоилковиќ по собирот.
„Прашањето е чиј национален интерес штити вицепремиерот – македонскиот или српскиот?“, прашува БГНЕС преку објавениот материјал.
Целиот напис прочитајте го на следниот линк.