(Видео) Амбасадорката на Германија во Софија: РСМ треба да си ја заврши домашната задача и да ги исполнува договорите
Ќе биде предност за Северна Македонија да влезе во Европската Унија, но мора да си ја завршат домашната задача, да се држат до договорите. Ова во интервју за БГНЕС го изјави Ирене Марија Планк, амбасадорка на Германија во Бугарија.
Амбасадорката изјави дека била сведок на напорите на актуелната бугарска влада да одржи пријателски тон, да се држи до актуелните прашања и да не се занимава со ова емотивно преуредување од минатото.
„Верувам дека Северна Македонија треба да продолжи да се ангажира и да го прави она што рече дека ќе го направи. Мислам и дека Бугарија е во право што има пријателски пристап. Владата го прави тоа и јас стојам целосно зад тоа“, рече таа.
„Мислам дека навистина треба да гледаме во иднината. Бугарија и Северна Македонија се блиски соседи и би било во интерес на сите да се оди напред“, додаде Планк, прецизирајќи дека Петра Дрекслер (германска амбасадорка во Скопје – забелешка уред.) е многу посветен амбасадор“.