| | |

(Видео) Андреј Ковачев во „Студио Актуално Балкани“: Македонските клучеви за ЕУ ѕвечкаат од Белград до Москва

Бугарскиот европратеник од ГЕРБ/ЕПП, Андреј Ковачев, во интервју за „Студио Актуално Балкани“ изјави дека клучот за почеток на преговорите е во Скопје и го повика Мицкоски да му пристапи на прашањето државнички. Според Ковачев, раководењето од теснопартиски интереси во пресрет на следните избори ѝ штети на иднината на Северна Македонија.

„Клучот за почеток на преговорите не е во Софија, туку во Скопје. Да видиме каква ќе биде промената во Белград, но клуч има и во Москва и во Пекинг. Финансирањето што доаѓа од Кина и зависноста од Русија се присутни не само во Бугарија, туку, преку Белград, и во Северна Македонија“, рече Ковачев.

„Да се водиш од себични побуди за да останеш на власт и притоа да ја наметнуваш темата дека ‘ќе му се спротивставиме на бугарскиот диктат’, дека ‘ништо нема да направиме под бугарски притисок’, можеби носи некаква политичка корист, но ја уништува иднината на оваа држава“, оцени Ковачев.

Слични Објави