(Видео) Ангелов: Подготвени сме да излеземе на протести, за да ја одбраниме бугарската позиција во однос на РС Македонија
„Позицијата на ВМРО во однос на почетокот на преговорите на РС Македонија со ЕУ не се променила. Не се променила заради тоа што кажал некој американски или руски чиновник. Нашата позиција е категорична, благодарение на ВМРО, во Парламентот беше изгласана Декларацијата за Македонија“, изјави организациониот секретар на ВМРО, Јулиан Ангелов, во емисијата „Говори сега“ на Бугарската национална телевизија.
Според него 90 % од Бугарите не сакаат РС Македонија да стане дел од ЕУ, бидејќи во земјата се користи говор на омраза кон Бугарија и не се почитуваат правата на луѓето кои живеат таму.
„Ние како бугарски патриоти треба да ја одбраниме сегашната позиција на Бугарија и ако има потреба би протестирале за да го заштитиме правото на нашите сонародници во Македонија, да можат да се нарекуваат Бугари а бугарската историја да не биде крадена и фалсификувана. Промена во таа позиција е еднаква на национално предавство“, категоричен е Ангелов.
Погледнете повеќе во видеото што следи: