(Видео) Арсовски: Хибридниот режим на Заев во обид да ја спречи вистината за кражба на струја

/

Крадат струја коалициските партнери на Заев од ГТЦ, а од МВР велат дека тоа не било кривично дело за коешто требало да сносат одговорност, обвини денеска портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.

„Јавна тајна беше дека на трошок на дуќанџиите од ГТЦ се копаат криптовалути, а МВР вели дека ЕВН утврдиле дека нема крадење, туку дека имало дополнителни броила и таму била приклучена таа машина за копање. Од ЕВН, пак, велат дека нема дополнителни броила и дека има само едно броило за ГТЦ, со што потврдија дека МВР лаже и го штити криминалот“, посочи Арсовски.

Според партискиот портпарол, станува збор за класичен грабеж од дуќанџиите, односно, како што кажа, класичен криминал што го прават директорот на ГТЦ, Ѓоко Трајчевски, и претседателката на одборот на директори, Трајанка Тасевска, инаку сопруга на директорот на БЈБ.



„Дали со плаќање  повисока цена, односно препродавање на повисока цена на струја кон дуќанџиите од страна на ГТЦ се покривало крадењето струја коешто го правело семејството Бајрам?“, јавно праша Арсовски, барајќи одговори од МВР, Трајчевски и Тасевска.

Претходна статија

Синдикатот на културата е против предложените ковид-мерки

Следна статија

Во нелегална работилница во Љуботен запленет над еден тон тутун

Најново од Вести