|

(Видео) Атина и Белград: Да ја поделиме Македонија; Софија: НЕ!

Бугариjа им се спротивстави на Атина и Белград во нивниот план за поделба на новосоздадената македонска држава. Современици на овие настани кои зборувале и/или пишувале за поделбата:

1. Првиот претседател на Република Македонија – Киро Глигоров (во ова документарно видео и во неговите мемоари);

2. Тогашниот премиер на Република Грција – Константинос Мицотакис. „Мицотакис уверува дека Милошевиќ навистина му предложил да ја поделат Македонија. „На нашата прва средба, Милошевиќ ми предложи да ја поделиме државата. Ние да земеме половина држава, тие другата половина.“ (во интервју на Мицотакис за грчкиот новинар на „Катимерини“ Ставрос Ѕимас –    • Мицотакис го добил предлогот на Милош…   и ова https://www.google.com/amp/s/meta.mk/…

⭐ 3. Тогашниот претседател на Бугариjа – Жељу Желев. Предводник на процесот на меѓународното признавање на Република Македонија под нејзиното уставно име (во ова документарно видео);

4. Првиот министер за надворешни работи на Република Македонија – Денко Малески (во ова документарно видео и во интервју за fokus.mk од 12.04.2024);

5. Првиот претседател на Собранието на Република Македонија – Стоjaн Андов (изjaва во 2006 за А1);

6. Потпретседателот во првата Влада на Република Македонија – Блаже Ристовски (во ова документарно видео);

7. Португалскиот дипломат Кутиљеиро (го цитира Денко Малески);

8. Политичарот, министерот за надворешни работи на Републиката Македонија (во периодот 2001 — 2002 година) – Слободан Чашуле (изjaва во 2006 за А1).

Источник: „Во Центар со (македониста) Васко Ефтов“. Серијал од пет емисии: „Како се раѓаше македонската држава“.

Слични Објави