„Не ја предавај Македонија“- Протест на ВМРО-БНД во Софија

//

Бугарската политичка партија ВМРО-БНД излезе на протест во 17.30 часот, локално време во т.н „триаголник на моќта“ во Софија со пораката „Не ја предавај Македонија“. Демонстрантите вееја бугарски знамиња и носеа плакати на кои пишуваше: „Киро оставка!“, „Мизија, Тракија, Македонија“, „Ја браниме Бугарија“.

„Ова е предупредувачки митинг. Имаме информации дека на 24 овој месец владата на Кирил Петков се подготвува да го укине ветото за почеток на преговорите за членство на РС Македонија во ЕУ. Доколку тоа се случи ќе ја блокираме целата држава“, рече Александар Сиди, член на претседателството на ВМРО-БНД. Тој категорично го осуди јазикот на омраза кон Бугарија од македонска страна. Во моментов целиот простор меѓу зградата на Министерскиот совет и Претседателството е целосно блокиран за сообраќај, јавува БГНЕС.

Според почесниот претседател на ВМРО-БНД Красимир Каракачанов, Кирил Петков се надева дека со гласовите на политичките партии Продолжуваме Промената, Демократска Бугарија и ДПС, ветото за Скопје ќе падне.





Претходна статија

Игор Џамбазов меѓу комитите и „партиџаните“

Следна статија

(Видео) Драганов: Односите меѓу Бугарија и РС Македонија беа најдобри кога војници од АРМ маршираа на парадата за 6 мај во Софија пред неколку години

Најново од Вести