ВИДЕО: БРОЈОТ НА ЗАГИНАТИТЕ ПО ЗЕМЈОТРЕСОТ ВО ДРАЧ РАСТЕ
Најмалку 10 загинати според неофицијални информации на албанските медиуми и повеќе од 150 повредени е трагичниот биланс од силниот земјитрес што ја погоди изминатата ноќ Албанија, што беше осетен и во Македонија.
Земјотресот со јачина од 6,6степени се случи неколку минути пред 4 часот го погодил Драч.
Според досегашните податоци, во Драч целосно уништени се две згради, а разурнати се голем број куќи и други станбени објекти. Албанските медиуми јавуваат дека во Тирана има најмалку 50 повредени граѓани.


