| | |

(Видео) Бугарскиот државен архив прикажа уникатни снимки по повод 100-годишнината од атентатот во црквата „Света Недела“

Бугарската државна агенција „Архиви“ синоќа отвори изложба посветена на стогодишнината од атентатот во храмот „Св. Неделя“, кој се случил на 16 април 1925 година. Експозицијата е поставена во Централниот државен архив во Софија и содржи архивски документи, фотографии и материјали поврзани со овој трагичен историски настан, јавува БГНЕС.

Целта на изложбата е да ги осветли историските околности околу атентатот, организиран од Бугарската комунистичка партија, при што животот го загубиле повеќе од 150 лица, а стотици други биле ранети. Меѓу експонатите се наоѓаат оригинални документи од истрагата, фотографии од местото на настанот, како и лични предмети на жртвите и учесниците.

Изложбата е достапна за посетителите до крајот на месец мај 2025 година, со бесплатен влез. Организаторите ги поттикнуваат граѓаните да ја посетат експозицијата и да се запознаат со оваа значајна и трагична страница од бугарската историја.

Слични Објави