| | |

(Видео) Бугарскиот патријарх Даниил: Бугарската православна црква е единствената што го признала автокефалниот статус на Македонската православна црква

Бугарската православна црква е единствената што го признала автокефалниот статус на Македонската православна црква. Ова го изјави бугарскиот Партријарх и софиски митрополит Даниил во емисијата ,,Панорама” на БНТ со водител, познатиот бугарски новинар, Бојко Василев.

,,На 26-ти декември за време на светата литургија во црквата ,,Св. Георги “, партријархот Вартоломеј го спомна како еден од претстојателите на помесните цркви митрополит Eпифании (предстојател на Православната црква на Украина, бел. уред.). На другиот ден во „Св. Стефан„ каде што бугарскиот партријарх ја предводеше Светата литургија, ние не го спомнавме , но го спомнавме архепископот Стефан на Православната црква во Северна Македонија. Бугарската православна црква е единствената што го признала автокефалниот статус на Македонската православна црква. Никој не ни направи проблем зошто го спомнуваме архепископот Стефан иако нема томос од Вселенската партријаршија и нема општо православно решение на ова прашање”, изјави партријархот Данаиил во интервјуто за ,,Панорама”.

Што уште кажа бугарскиот патријарх Даниил за својата мирна посета на Цариград, кај Вселенскиот патријарх Вартоломеј и каква е неговата порака кон верниците за новата 2026 г. погледнете во видеото што следи:

Слични Објави