(Видео) Д-р Врабевски за РС Македонија: Евроинтеграцијата е единствената варијанта да се излечат раните од минатото
Претседателот на фондацијата ,,Бугарска памет”, д-р Милен Врабевски, заедно со долгогодишниот дописник на БНТ и БНР новинарот Коста Филипов беа гости во емисијата ,,Денот почнува со Георги Љубенов” на Бугарската национална телевизија каде што разговараа за бурните односи помеѓу Скопје и Софија изминатата година.
,, Евроинтеграцијата е единствената варијанта да се излечат раните од минатото. Во однос на односите меѓу Бугарија и РС Македонија ние треба да продолжиме да креираме причини за поврзаност. Тие треба да станат доминантни во нашето секојдневие. Пред малку ме прашавте за бугарските клубови во РС Македонија и како да се реши проблемот со агресијата кон нив. Одговорот е многу едноставен: Уште 20 клубови и постепено ќе се дознае вистината а европската интеграција значи на прво место вистина. Таа ќе не направи слободни, изјави Врабевски.
Повеќе за активностите на д-р Врабевски и фондацијата ,,Бугарска памет” во видеото што следи:

