|

(Видео) Демонстрантите од Тетово побараа оставки од сите обвинители и кривично гонење на сите инволвирани во трагедијата со модуларната болница

Граѓаните се собраа денеска пред Обвинителството и Судот во Тетово за да го изразат како што велат „гневот за манипулацијата и извртувањето на судскиот процес за трагедијата од 8 септември каде живи изгореа 14 сограѓани“.

– За пет години имаме четири трагедии и 97 жртви, а нула дена затвор, рекоа демонстрантите.

„Животите на граѓаните станаа заложници на пазарења и тендер без критериуми. Од целиот процес се докажа дека Обвинителството и Судот се дел и бранители на злосторничко здружение кое ја држи државата во заложништво“, велат граѓаните.

Тие побараа одговорност од сите обвинители и кривично гонење на сите инволвирани во оваа трагедија.

„Бараме Владата да го разреши јавниот обвинител Јовески и тој и другите обвинители инволвирани во ова монструозно дело да одговарат кривично. Бараме да се судат и казнат вистинските виновници вклучително и политичарите кои незаконски го доделија тендерот за изградба на БРАКО. Нема правда нема да има и мир“, додадоа граѓаните кои се собраа пред Обвинителството во Тетово.
Видеото погледнете го ТУКА

Слични Објави