| | |

(Видео) Драганов: Никој нема да го чува подобро грбот на РС Македонија од Бугарија

Никој нема да го чува грбот на РС Македонија подобро од Република Бугарија и обратно.Заедно можеме да бидеме посилни наспроти нашите ривали. Се надевам дека тоа ќе биде разбрано од сите. Ние не се мразиме, ние треба да се сакаме како браќа, какви што сме. Ова го изјави младиот бугарски публицист Георги Драганов во своето гостување во емисијата „Hyde Park“ на порталот Трибуна.

„Ние треба да живееме заедно и добро, не треба да се спротивставуваме едни против други.Заедно ние сме многу посилни. Никој нема да го чува подобро грбот на РС Македонија од Бугарија.Ние заедно можеме да бидеме посилни во однос на нашите ривали. Се надевам дека тоа ќе биде разбрано од сите. Ние не се мразиме, ние треба да се сакаме како браќа, какви што сме “, изјави Драганов.

Во однос на споредбите по оската Москва-Киев-Скопје-Софија, младиот бугарски публицист истакна дека тезата на одредени русофилски кругови во Бугарија дека Украина за Русија е тоа што е Македонија за Бугарија е ужасно симплифицирана и невистинита во однос на европскиот историски расказ.

„Има една многу популарна теза, која е актуелна кај русофилските националистички кругови во Бугарија, дека Украина е за Русија е тоа, што Македонија за Бугарија. Тоа се разбира е еден ужасно симплифициран, ужасно неточен и невистинит расказ на двата милениуми европска историја“, изјави Драганов.

Според Георги Драганов, Бугарија и Македонија треба да го отворат минатото за да се види што навистина имат направено комунистите од двете страни на границата.

„Ние треба да го отвориме нашето минато, за да видиме што навистина направиле комунистите од двете страни на границата, за да дојдеме до внатрешен мир. Што значи тоа, виновниците треба да бидат казнети, настраданите треба да бидат обесштетени и треба да се создадат такви услови, овие грешки да не се повторуваат“, изјави Драганов.

Што уште кажа младиот бугарски публицист со корени од селото Трново (Трнава) во Егејска Македонија погледнете во видеото што следи:

Слични Објави