(ВИДЕО)ЕЛМАС СО НОВА ПОРАКА ОД ИЗОЛАЦИЈА: СЕ ВРАЌАМ НАБРЗО

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас се појави со нова порака преку социјалните мрежи од деновите кога минува во изолација поради коронавирусот.

Деновите во карантин ги минува работна одржувајќи ја формата пред враќањето на терените.

„Се враќам набрзо“ – порача Елмас, кој треба да биде во националниот тим и за клучниот натпревар следниот месец против Грузија во финалето од Лигата на нации.