(ВИДЕО) ГДУ-ШТИП: ВИЕ ЗЕМАТЕ 1000 ЕВРА ПЛАТА, НИЕ ЗЕМАМЕ 0 ЕВРА ПЛАТА, ВО ПРОСЕК ЗЕМАМЕ 500 ЕВРА ПЛАТА?!
Власта во предизборната кампања ветуваше стампедо од странски инвестиции и особено во ТИР зоните. Во ТИР зоната во Штип веќе повеќе од две години нема ниту една инвестиција. На располагање во зоната има 37 плаца од кои 3 се реализирани и има изградени објекти.
Успешно веќе функционираат Кондево, Техникал текстаелс, Џонсон контролс, но останатите 34 парцели чекаат да дојде навалата и стампедото од инвестиции.
За овиe две години во нашиот град нема ниту една странска инвестиција ниту во ТИР зоната, ниту надвор од неа.
Како премиерот Заев ќе успее да стигне до ветените 500 евра средна плата, кога неговиот потпретседател Бочварски како градоначалник нема привлечено никакви инвестиции во градот?
Како Владата ќе се бори против невработеноста и сиромаштијата со таков застој во капиталните и отсуството на странски инвестиции?
Дали премиерот и економскиот тим на Владата во пресметките за средна плата ги вклучуваат и тие илјадници наши сограѓани кои се иселија во Европа и добиваат европски плати?! Ако е така може и ќе успееме да имаме 500 евра просечна плата.
Исто така дали ќе се примени „магичниот“ калкулатор во стилот, вие земате 1000 евра плата, ние земаме 0 евра плата, во просек земаме 500 евра плата?!
Вие јадете плескавици, ние јадеме леб, во просек јадеме сендвичи!
Ние од ГДУ веруваме дека државата е должна да ги изедначи дури и да ги привилегира домашните компании во инвестирањето и зголемувањето на нивниот економски потенцијал.
Апелираме до Владата, да изготви пакет мерки за помагање на домашните компании за нивна поголема конкуретност со странските.
Една од тие мерки да биде и можноста 34 слободни парцели во ТИР зона Штип, да им бидат доделени на домашни инвеститори под истите услови како и за странските, а зошто да не и подобри.
Така нашите компании нема да се чувствуваат дискриминирани во сопствената држава, чувство кое впрочем веќе и јавно го демонстрираат.
Затоа во економската програма на Граѓанско Демократската Унија приоритет е стимулирањето на домашните компании и особено малиот и среден бизнис.
За да имаме силна економија, потребни се силни и просперитетни домашни компании.
