(Видео) Георгиевска: Сè што Мицкоски кажа за енергетиката излезе погрешно

/

Сè што Мицкоски кажа за енергетиката излезе погрешно, рече пратеничката на СДСМ, Марија Георгиевски, на прес-конференција.

Вели дека Мицкоски со месеци ја плашел јавноста со наводен недостиг на енергенти за домашниот енергетски сектор.

„Уште минатата година лажеше дека нема јаглен доволно во земјата или поточно дека има уште за два дена. Оттогаш поминаа точно 392 дена, јаглен има доволно, а термоелектраните го зголемија производството 25 отсто. Второ, Мицкоски велеше дека немаме доволно струја од домашно произвдоство. Сосема спротивно, АД ЕСМ произведува струја, која во целост, 100 проценти, ги покрива потребите за струја“, изјави Георгиевска.

Мицкоски со месеци, вели таа, повикуваше да се набави гас за целата грејна сезона во период кога цените на овој енергент соборуваа рекорди. Доколку се набавеше гас во изминатите неколку месеци за целата грејна сезона, рече Георгиевска, ќе се платеа 100 милиони евра плус сметајќи по сегашната цена на берзите, а која и натаму паѓа.



„Одлуката на Владата, економските ресори и АД ЕСМ да не се набавува во тој период за цела сезона даде резултат. Истовремено, со договорот за интерконекторот, кој беше потпишан со Бугарија, ќе ни овозможи поголема понуда и поголема конкурентност во снабдувањето со гас од 1 јануари 2023година Ете колку нема познавање Мицкоски од енергетика, сè што кажа и што предвидуваше на крајот излезе погрешно. Мицкоски уште еднаш покажа дека не се разбира во енергетика. Може и треба да учи од Ковачевски“, додаде Георгиевска.

Претходна статија

ЗНМ и ССНМ: Веднаш да се усвојат измени на Кривичниот законик за заштита на новинарите, во спротивно бојкот

Следна статија

Ковачевски ќе учествува на Самитот за Западен Балкан во Берлин

Најново од Вести